вторник, 13.05.2008

  IDIVIDI Мени
Забава / Занимливости

Џиновска крава - висока 198см

Кравата Чили е нежниот џин. Висока е 1 метар и 98 сантиметри и живее во прифатилиштето за животни Ferne Animal во Велика Британија. Вработените во прифатилиштето веќе го контактирале одборот на Гинисовата книга на рекорди, кој во моментов утврдува дали навистина оваа е најголемата крава во Британија.

Чили е потешка од еден тон и е голема колку мал слон. Во споредба со неа останатите крави од нејзиното стадо се високи по 1,5 метар.

И покрај грандиозната појава. Чили пасе само трева и повремено ужива во колачи. Јуницата која е висока, речиси колку што е и долга живее во Ferne Animal Sanctuary во Чард, откако нејзините сопственици ја оставиле на прагот на прифатилиштето, кога таа била стара само шест дена.

Девет години подоцна, Чили продолжила да расте и персоналот смета дека ќе го собори рекордот на најголема крава во Британија.

„Додека Чили растеше забележавме дека е поголема од станатите. Сега се истакнува со своите 198 сантиметри“, изјави Наоми Кларк, која го води прифатилиштето.

Чили е долга нешто повеќе од два метра, а во прифатилиштето е оставена со сестрата близначка Џубиле во 1999 година.

„Не знаеме зошто е толку висока. Не јаде премногу, а главата и нозете и се пропорционални со телото. Многу е нежна и пријателски расположена кон останатата стока“, вели Наоми Кларк.

(Д.Т)




Наjновo од Забава
Џиновска крава - висока 198см
Часовник од два милиони долари
Мајмунот ќе ми ја откинеше цицката
По 10-години градот повторно го доби сексот
Одлична куќа за мачки
Тајната на продолженииот оргазам
Најпопуларни имиња во САД
Њујорк со водопади
Да им се плаќа, мајките би заработувале 116.805 долари годишно
Хакер украл податоци за шест милиони Чилеанци
Скараџијата ZORO
Славните и сексот
Мост за луѓе со јако срце
Видео клип
Шо прај овој...
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи