
|
 |
Забава / Занимливости
Само за богати: Кафе со златен прав
Турските богаташи ќе го заменат традиционалното турско кафе со златно, откако поради големата побарувачка турска фирма одлучи да отвори ланец кафетерии, во кои ќе се нуди кафе со златен прав, објави турското електронско издание Интернет хабер.
Турската фирма „Истес“ е дистрибутер на продуктите на швајцарската компанија „Делафе“. Компанијата во декември минатата година на турскиот пазар увезе чоколадо, кое содржи злато, чија побарувачка била три пати поголема од очекуваната. Цената на 18 грама златно чоколадо во Турција е 49 евра, а парче од 72 грама чини 153 евра.
Поради големиот интерес на клиентите „Истес“ одлучи да понуди и кафе кое содржи злато, изјави Тарак Алтуг, еден од партнерите во фирмата.
Се очекува првите кафетерии од ланецот да бидат отворени во Истанбул во февруари, а за десет години е планирано компанијата да отвори вкупно десет кафетерии, каде наместо традиционалниото турско кафе, приготвено во ќезве, ќе се сервира кафе со кајмак од златен прав.
„Златното кафе“ ќе чини 18 евра.
Според Алтуг конзумирањето на 0,2 грама злато на ден го прочистува организмот од токсини, има благотворно влијание врз кардио-васкуларниот систем и го продолжува животниот век.
|
|
|
 |
|
![]() |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|