
|
 |
Забава / Занимливости
Тинејџерски „пат околу светот“
Тринаесетгодишниот Германец Јан Оле од досада позајмил автомобил за да го „види светот“ и со него поминал 800 километри пред да биде пронајден во Париз, соопшти полицијата од градот Остхауденфер, во северозападна Германија.
Пред да седне зад воланот, момчето оставило порака наменета за неговите родители во која пишувало: немојте да се грижите, но овде ми е многу досадно и сакам да го видам светот.
Јан Оле, кој живее со родителите, постарата сестра и баба му во градот со 11.000 жители, сакал да стигне до Дени, познато летувалиште на шпанското приморје.
Триесет и осум саати откако поминал 800 километри низ Амстердам, Ротердам и Брисел, младиот Германец ја завршил својата авантура на влезот од Париз каде на бензинска пумпа наместо бензин ставил дизел и автомобилот се блокирал.
Во него полицијата пронашла и семејна фотографија, 100 евра, плејстејшн и хард дискот од неговиот компјутер за никој да не открие каде планира да отпатува.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|