
|
 |
Забава / Занимливости
|
|
Најгрдото куче на светот
Кучето со три нозе, без влакна и само едно око, успеа да го добие епитетот "најгрдо куче на светот."
 Гас, кучето со педигре на Кинески крест, победи на годишниот натпревар во северна Калифорнија.
Гас и неговата сопственичка Џеанен Тид допатуваа од Флорида за да учествуваат на натпреварот.
Таа изјавила дека парите од наградата ќе ги потроши за третман за ракот на кожата што го има Гас.
Исто така вели дека се вклучила во натпреварот за да ја зголеми свеста на луѓето чии миленичиња боледуваат од рак.
Меѓу разните раси со предизвикувачки изглед Кинескиот крест често отскокнува над конкуренцијата.
Минатогодишниот победник, Елвуд, беше микс од Кинески крест и Чивава. (T.J)
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|