
|
 |
Забава / Занимливости
|
|
Во Америка тетовираат и заби
Во една стоматолошко - уметничка лабораторија “Хјуард Дентал Лаб“ во американската држава Јута веќе 30 години се нуди услугата тетовирање заби, пренесува Блиц.
 Техничарите од оваа ординација прво поминале уметничка обука за да научат како да сликаат, а потоа и научиле како се поправаат заби. Тетоважата обично се става на катниците но може да се наоѓа и на надворешните и внатрешните страни на забите. Во случај пациентот да се предомисли, тетоважата може да се отстрани за пет минути со помош на гумичка.
На забите може да се нацрта се по желба на клиентите, од Мики Маус и разни животни па се до американскиот претседател и поп ѕведите како што се Елвис Пристли и Ејми Вајнхаус. Цените за сликање се околу 100 долари за едноставен цртеж и до 500 долари за оние покомплицираните
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|