Забава / Занимливости
Потрага по кодот на Микеланџело

Откако „Кодот на Да Винчи“ со години беше хит книга во која се открива „најголемата тајна“, не треба да не чуди тоа што уште еден славен уметник се најде на книжевно „декодирање“.
Микелнаџело на фреските во Систинската капела сокрил таен код – мистични еврејски симболи и навреда адресирана на папата, се наведува во најновата книга која во манирите на вистински наследник на „Кодот на Да Винчи“ на Ден Браун се наде на листата на најпродавани книги во САД.
Рабинот и толкувач Таламуда Бенџамин Блех и ватиканскиот водич Рој Делинер во книгата „The Sistine Secrets: Unlocking the Codes in Michelangelo's Defiant masterpiece“ тврдат дека Микеланџело насликал еврејски симболи, кои успешно ги скрил во фреската, пишува „The Daily Telegraph“
Авторите на книгата, исто така тврдат дека на славните фрески се наоѓаат и скриени навреди упатени кон папата.
Во Систинската капела, која во 16 век Микеланџело сликал цели четири се наоѓа своевиден мост меѓу Римокатоличката црква и еврејството, тврдат авторите.
Блех наведува дека бројните ликови на фреските се Евреи, што го објаснува со тврдењето дека Микеланџело сакал да го намали јазот меѓу еврејската вера и Римокатоличката црква.

Како доказ за ваквите тврдење ги наведуваат контурите од хебрејското писмо, кое подетално го објаснуваат во нивната книга. Исто така наведуваат дека дрвото кое се наоѓа на познатата фреска не е јаболкница, како што се мислело, туку смоква, што исто така е дел од еврејската традиција. Авторите велат дека Систина, која е работена според пропорциите на еврејски храм всушност е мистичната порака за универзалната љубов која допрва треба да се декодира.
Арнолд Неселрат, од Ватиканскиот музеј ја негира можноста дека Микеланџело можел да наслика нешто без да се консултира со папата. Марко Бусагли, историчар на уметност од Рим тврди дека евентуалната антихристијанска порака за која говори книгата е дека Ден Браун добива достојни наследници.
Сепак, овие двајца автори не се првите кои се обидуваат да ја декодираат Микеланџеловата Систина. Очигледно им успева, барем на пазарот на книги.
(Д.Т)
|