
|
 |
Забава / Занимливости
Го продал својот живот на интернет аукција
Јан Ашер, британски емигрант во Австралија, кој го стави својот живот на интернет аукција, вклучувајќи ја куќата, работното место и пријателите, изјави дека успеал да продаде се за 383.000 американски долари (399.000 австралиски долари).
Ашер реши да ја продаде својата куќа во Перт, автомобилот, моторот и се што поседува за да почне нов живот откако се раздели со сопругата.
- Конечната цена достигна 399.000 австралиски долари, изјави Ашер седум дена откако започна лицитацијата на интернет страницата еBау.
Иако доби помалку отколку што очекуваше, бидејќи само неговата куќа е проценета на 420.000 долари, тој вели дека е задоволен.
 - Мислев дека понудата на крајот ќе биде малку повисока, но тоа е аукција, додаде Ашер.
Од се што поседувал тој сака да го задржи само пасошот, паричникот и костумите. Ашер не наведе каде ќе го започне новиот живот.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|