вторник, 01.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Забава / Занимливости

Човек спасил мечка од давење

Еден чувар, без размислување скокнал во море за да ја спаси мечката тешка 165 килограми од давење.

Мечката лутала во близина на плажа во Флорида, кога ја забележале чуварите и ја погодиле со стрела за успивање, за да можат да ја преместат од плажата, пренесува хрватски Дневник.

Но, кога стрелата за успивање почнала да делува, мечката ја фатило паника, телото почнало да и се парализира и таа паднала во море.

“Не знаев што да правам. Почувствував наплив на адреналин и донесов одлука во дел од секунда. Пливав кон неа, обидувајќи се да спречам да не отплива во длабочината. Мечката ја фати паника бидејќи не ги чувствуваше ни шепите ни нозете. Знаев само дека морам да спречам да се удави, но кога стигнав до неа бев толку збунет, што не знаев што понатаму“, рекол чуварот Адам Варвик.

“Но, во еден момент ме погледа така како да сака да ми се потпре со главата за да се спаси од давење“, додал чуварот.

И додека мечката грчевито се борела и се обидувала да ја одржи главата над водата, чуварот успеал да ја протне својата рака околу мечката и да ја повлече кон брегот.

Откако ја извлекол на брегот, еден од локалните жители, кој што ја набљудувал целата акција со својот багер, ја одвезол мечката и по опоравувањето ја пуштиле во шумата.


Наjновo од Забава
Сиена Милер во врска со женет милијардер
Мадона со концерт во Будва
Човек спасил мечка од давење
Го продал својот живот на интернет аукција
Анџелина Џоли е навлечена на жени
Бев женет со Курникова
Беквалац ќе се разголи за FHM
Потрага по кодот на Микеланџело
Леголенд
Појас за спасување од „Титаник“ продаден за 68.500 долари
Во Америка тетовираат и заби
Кули со ротирачки станови
Терористички леб на мени
Најгрдото куче на светот
Војниците се борат со цвеќе?!
Видео клип
Упс...
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Diners
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи