петок, 22.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Забава / Занимливости

Вселенска свадба

Добра вест за оние кои се уште не стапиле во брак, а кои сакаат овој момент да го прослават на најнеобичен начин. Заборавете на подводните свадбени церемонии или пак на венчавање за време на скок од падобран. Јапонската компанија „ First Advantage“ заедно со американската „Rocketplane“ ви нудат свадбена церемонија надвор од овој свет, поточно 100 километри над Земјината површина.

Од денеска, компаниите започнаа да собираат побарувачки за „вселенската свадба“, која за првпат ќе се одржи дури во 2011 година. Сепак, секој ексклузивитет има и своја висока цена. Па така едночасовниот лет со „Rocket Plane XP“, кој специјално за вас ќе одлета на 100 километри од Планетата земја ќе ве чини нешто повеќе од 1,3 милиони евра.

Пакет аранжманот, наречен „Premium plan“ им овозможува на двајцата младенците, освен свештеникот, со себе да понесат уште двајца среќници. Пред полетувањето, младите и нивните гости ќе мора да минат низ четиридневна обука.

Сепак тоа не е се, во цената се вклучени: венчаницата, забавата која на Земјината топка ќе биде организирана за семејствата и пријателите на младенците, кои за да не се почувствуваат запоставено ќе гледаат директен пренос од свадбената церемонија.

Големиот ден воопшто не е евтин, но тоа не ги обесхрабри Синди Чеш и Мич Волинг, првиот пар кој се пријави за свадбениот аранжман.

„Идејата ја добив пред една година. Медитирав кога на памет ми падна дека можам да бидат првата личност која  ќе се венча во вселената. Тогаш започнав да преземам конкретни мерки за да го реализирам својот сон“, вели Синди Кешман.

После интензивната интернет комуникација со Мич Волинд, Синди се вљубува во него и му ја открива идејата за необичната свадба.

„Бев изненаден, никогаш не очекував дека ќе се оженам во вселената“, вели Волинг.

Единствен проблем со кој се соочува парот е легалноста на бракот, со оглед на фактот што ниту една држава на планетата Земја нема јуриздикција над вселената, па оттука под знак прашање е ставена и неговата легалност.

Сепак, Синди Кешман е уверена дека и овој проблем ќе успеат да го надминат.

„Ова е историја. Ова е вистинска авантура“, изјави Синди Кешман.


Наjновo од Забава
Тајландскиот крал е најбогат на светот
Ќе го прошетаме светот
50 Cent најбогат рапер во светот
Гвен Стефани роди машко дете
Ријана е шворц
Infected Mushroom во Скопје
Гулаби - дилери
Лозинката ни на суд
Кралскиот дворец штеди струја
Мачка со четири уши
Почина човекот кој тврдеше дека има 139 години
Берлинскиот пункт Чарли стана туристичка атракција
Куме, кажи име...
Грдите жени протестираат
Радио цицки
Видео клип
Мравки во напад
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи