
|
 |
Забава / Занимливости
Тутун не - марихуана да?!
Холандија од полноќ забрани пушење тутун на јавни места. Законот за забрана на пушење се однесува и на амстердамската туристичка атракција - coffee shops во кои се пуши „трева“. Сепак, законот не се однесува и на марихуаната, само доколку не се меша со тутун.
Дел од сопствениците на coffee shop-овите стравуваат дека законот ќе придонесе за опаѓање на прометот, останатите ни малку не се вознемирени.
„Во повеќето земји се пуши чиста марихуана. Англичаните, Американците и Јапонците, нашите најголеми потрошувачи веќе одамна не пушат тутун, бидејќи тој е најголемиот убиец на планетата“, вели еден од сопствениците на coffee shop.
Сепак, законот предизвика потсмев во јавноста.
„Тоа е како во кафуле да купите пиво, но да морате да го пиете надвор, а истовремено во кафулето можете да пиете виски или вотка и тоа во неограничени количини, велат Холанѓаните.
 Угостителите кои ќе го прекршат законот ќе бидат парично казнети со 2.400 евра.
Сигурно сте збунети, како инспекторите ќе проверат дали во џоинтот имам тутун или не? Законот предвидува секој запален џоинт да се праќа на лабораториска анализа.
„Живееме во необична земја. Во повеќето земји ако ве фатат дека во цигарата имате марихуана ќе ве казнат, кај нас е обратно, ќе ве казната ако во џоинтот имате тутун“, велат со потсмев Холанѓаните.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|