Забава / Занимливости
И борделите се спремаат за посетата на папата
Сиднеј се подготвува за посетата на папата Бенедикт 16 и за стотиците илјади верници, кои ќе го посетата градот за време на престојот на поглаварот на Римокатоличката црква, која се случува за време на Светскиот младински ден. Освен градските служби, и борделите се подготвуваат за големата посетеност на градот, која според нив ќе им донесе поголема побарувачка на сексуалните услуги.
Најголемиот град во Австралија досега беше домаќин на повеќе големи настани, почнувајќи од Светскиот куп во рагби, па се до Азиско-пацифичкиот економски самит. Ваквите настани секогаш и носат екстра профит на секс индустријата, велат инсајдери.
Истиот извор наведува дека за време на шестдневната верска прослава, кога во градот ќе пристигнат околу 225.000 странци и верници ќе се зголеми посетеноста на јавните куќи. Сиднејскиот бордел „Xclusive“ веќе започна со ангажирање на поголем број на „работнички“ кои ќе им нудат услуги на осамените туристи и сиднејчани за време на прославата.
„Ќе имаме многу туристи, верници, но тука ќе бидат и секогаш присутните љубопитни лица кои ќе сакаат да ги пробаат нашите услуги“, вели портпаролот на „Bondi Junction“ борделот.

„За време на конгресот на Светскиот црковен совет, кој се одржа во текот на 90-те години на минатиот век имавме многу работа. Тоа беше златен период за бизнисот. Се разбира дека нема да се промовираме во традиционалните католички средини, и се разбира дека не очекуваме свештениците да ги бараат нашите услуги, но градот ќе биде преполн со луѓе, туристи“, вели менаџерот на „Xclusive“, која се претстави под псевдонимот Кетрин.
Таа не крие дека за потребите на настанот борделот ќе ангажира повеќе девојки, но и рецепционери кои ќе се погрижат навреме да се задоволи преголемата побарувачка. Борделот има и луксузни апартмани со двојни тушови, спа, специјални кревети, но и „копче за тревога“, наменето само за секс-работничките.

Според Кетрин, за време на посетата на папата, која доаѓа за време на Светскиот ден на младината, побарувачката ќе порасне за 150 до 200 отсто. Таа верува дека позицијата на борделот, кој се наоѓа во непосредна близина на поголемите настани за време на шестдневното прославување, како и до местото каде папата ќе одржи миса пред околу 500.000 верници ќе им донесе многу муштерии.
„Посетителите нема потреба да се грижат дали ќе го прекршат законот, борделите се легални. Тие ќе може да се почувствуваат како да се дома со оглед на фактот што секс-работничките зборуваат повеќе јазици, шпански, грчки, мандарински, тајландски, арапски, корејски непалски и италијански“, вели Кетрин.
(Д.Т)
|