
|
 |
Забава / Занимливости
Арапско кралско семејство држело 17 робинки
Полицијата од луксузен хотел во Брисел однела 17 жени за кои се верува дека биле робинки на арапско кралско семејство, пренесува хрватскиот портал Индекс.
Синоќа полицијата го претресла целиот Конрад Хотел, најпрестижен во градот, во кој главно отседнуваат државни лидери за време на европски самити. Истрагата била потегната благодарение на слугинка која успеала да избега. Работела со уште други 20, за вдовицата на еден член на кралското семејство од Обединетите Арапски Емирати, а која заедно со четирите ќерки го изнајмила целиот четврти кат од хотелот.
Сите 17 робинки, колку што спасила полицијата, доаѓаат од различни земји, од Филипини, Мароко, Индија, Египет, Ирак и Сирија, а се верува дека во робовладетелски однос биле осум месеци. Биле испрашани неколку членови на кралското семејство, но се‘ уште не било покренато никакво обвинение, иако полицијата била уверена дека станува збор за трговија со луѓе.
Имено, слугите на располагање морале да бидат 24 часа на ден, со тоа што по пристигнувањето им биле одземени пасошите. Жените не смееле да го напуштат хотелот, а месечната плата наводно им била околу 80 фунти.
Минатата недела четири Филипинки се обиделе да побегнат, но биле задржани од интерното обезбедување на кралското семејство.
Повеќето белгиски весници настанот го опишале како “ропство во срцето на Брисел“. Амбасадата на Обединетите Арапски Емирати се‘ уште не излегла со коментар на обвиненијата.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|