сабота, 05.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Забава / Занимливости

Пловен град - Lilypad

Белгискиот архитект Винсент Колбаут има иновативна идеја како да се реши проблемот со подигањето на нивото на морето – град кој плови.

Самоодржливиот град наречен „Lilypad“ би требало да биде дом на околу 50.000 таканаречени климатски бегалци од најпогодените подрачја, вклучувајќи го и Лондон.

Последните истражувања покажуваат дека нивото на морето би можело да да се подигне за 88 сантиметри до 2100 година, загрозувајќи ги островите во Тихиот Океан.

Овој драстичен скок на нивото за речиси еден метар претставува закана за нискокрајбрежните подрачја како за големите градови кои се наоѓаат во тие подрачја, како што се Лондон, Њујорк и Токио.

Футуристичкиот пловен град „Lilypad“, или „екополис“ како што милува Калбаут да го  нарече, нуди драгоцено решение за големиот проблем со подигањето на нивото на морето. Кога големите крајбрежни градови ќе се поплават, „Lilypad“ ќе може да ги собере нивните жители и ќе плови низ светските води.

„Некои градови трошат милиони долари за да ги зголемат своите плажи и за да ги зацврстат своите насипи. Но, „Lilypad “ е долгорочно решение на проблемот со нивото на морето“, вели архитектот.

Сместен околу јадрото кое ќе ја собира и прочистува дождовницата, „Lilypad“ ќе плови низ светските мориња, следејќи ја океанската струја и ветровите. Градот ќе биде опремен со три пристаништа, а исто така ќе има и планински подрачја каде жителите ќе можат да отидат за да ја сменат околината. Енергијата ќе ја добива од обновливите извори како што се сонцето, ветерот и водата. „Lilypad“ ќе биде самоодржлива еколошка инфраструктура.

Градот ќе произведува повеќе енергија отколку што ќе може да потроши. Ќе биде целосно еколошки со оглед на тоа што јаглерод диоксидот и отпадот ќе бидат рециклирани.

„Целиот град ќе биде прекриен со растенија и висечки градини, ќе нема сообраќај и автомобили. Целта е да се создаде коегзистенција меѓу луѓето и природата. Мислам дека проблемот со сместувањето на милиони луѓе кои ќе станат бездомници поради климатските промени е еден од најголемите предизвици на 21 век“, вели Калбаут.

Засега не се знае колку ќе чини изградбата на таквиот град, ниту пак колку ќе чини живеењето во него.




Наjновo од Забава
Секс и дрога во Хари Потер
Селма Хајек сака свадба како на Пепелашка
Пловен град - Lilypad
Бум на азиските облакодери
Спирс и папарацото Галиб повторно заедно
Кајли Миног одликувана
„Бремениот маж“ роди девојче
Арапско кралско семејство држело 17 робинки
Пијано возење
И борделите се спремаат за посетата на папата
Тутун не - марихуана да?!
Вселенска свадба
Ттутунски пасош
Човек спасил мечка од давење
Видео клип
No comment
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Diners
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи