
|
 |
Забава / Занимливости
|
|
Судска наредба за откажување од шеесет мачки
Судот во градот Леварден во Холандија и нареди на една жена да се откаже од педесет мачки кои ги чувала низ својот дом.
 Жената носела напуштени мачки дома кои живееле насекаде низ нејзината куќа и градина. По тужба од соседот, градските власти ја опоменале да се ослободи од животните или ќе мора да плати парична казна. Таа чувала вкупно 60 мачки.
Во обид да ја избегне одлуката на властите, жената се обратила на суд. Но, оттаму оцениле дека 60 мачки се сепак премногу и веднаш и дале рок до 1 ноември да им пронајде нови сопственици на животните.
Како што пренесуваат светските медиуми, судот и дозволил на анонимната госпоѓа да задржи само десет мачки.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|