Забава / Занимливости
Најнепосакувани туристи
Според најновите интернационални истражувања, Французите се најнепожелни туристи од Европа, но заостануваат зад Индијците и Кинезите како најлоши туристи во светски рамки. Тие се на второ место во листата на туристи кои ги фаворизираат нивните туристички места за одмор.

Во анкетата, Французите биле окарактеризирани како нељубезни, невнимателни кон локалните обичаи и дека постојано имале жалби. Студијата исто опишува како француските туристи често не знаат или пак се нерасположени да зборуваат странски јазици, и се особено штедливи дури и кога се работи за оставање на бакшиш. Од 21 нација, Франција заврши на 19-то место, зад првопласираните Јапонци, кои се сметаат за најљубезни, тивки и уредни, после нив се Германците, Британците и Канаѓаните, додека Американците се на 11-то место.
Оваа анкета била спроведена на 4000 вработени во хотели низ Германија, Велика Британија, Италија, Франција, Канада и Сад. На анкетираните им било кажано да ги рангираат клиентите според националноста како критериум за генерално однесување, љубезноста, тенденцијата кон жалби, подготвеноста да потрошат пари, великодушноста, уредноста, дискрецијата и елеганцијата. Многу одговори ги потврдија веќе познатите сознанија дека Италијанците се најдобро облечени туристи, а зад нив се Французите.
"Поголемиот дел од персоналот во хотелите низ светот, зборуваат англиски, што укажува на тоа дека полесно комуницираат со оние туристи кои доаѓаат од англиско говорно подрачје како Американците и Британците, отколку со Французите или Италијанците, кои не зборуваат многу странски јазици,"- вели Тимоти де Роукс, маркетинг директор на Expedia.fr за Европа.
Де Роукс исто така укажува на некои разлики во менталитетот кога станува збор за оставањето бакшиши. "На пример Американците се повеликодушни, за разлика од Германците и Французите. Нашите истражувања покажаа дека просечен француски работник има 37 дена одмор во цела година , кои просечно ги троши на седум патувања, додека Американците имаат 14 дена одмор кои дури и нема сите да ги искористат. Тоа значи дека Французите ќе економизираат со својот буџет кој го трошат на повеќе патувања, отколку американците кои не штедат, доколку одат на еден или два одмори во текот на годината."
Според Тимоти де Роукс, француските туристички дестинации се посетени од над 92 милиони странци секоја година, што објаснува зошто дури 85% од Французите летуваат во нивната земја. Французите кои летуваат во странство ги очекуваат истите услови и квалитет на услуги како во Франција, поради што се смета дека се туристи кои постојано имаат жалби и критики.
(Т.Ј)
|