
|
 |
Забава / Занимливости
|
|
27 години за возачка дозвола
Една 62 годишна Англичанка положила возачки испит по 27 години постојано обучување и неуспешно полагање, јави дописникот на МИА од Лондон.
Тереза Кларк од едно мало место во англиската област Норфолк во сите изминати години променила 20 возачки инструктори, поминала преку 450 часови на обучување и за сето тоа потрошила дури 15 илјади фунти, односно преку 18 илјади евра за разни давачки при обучувањето и полагањето на испитите.
 Кларк, која почнала да се обучува кога имала 35 години, паднала на 12 испити, се откажала на други 35, на кои веќе се пријавила, а дошла на полагање, но не полагала на уште 50 други соочувања со испитната комисија.
Кога на последниот испит, на крајот од јуни, конечно ги поминала практичните тестови и возењето на улица, почнала да ги прегрнува и да ги бакнува испитувачите.
- Потрошив многу пари за оваа возачка дозвола, колку и за цел еден автомобил, но бев цврсто решена да успеам, им изјави таа на новинарите, објаснувајќи дека за да може полесно да се сконцентрира при возењето на испитите, се откажала од пиењето кафе и чај. Тереза Кларк сега има возачка дозвола, но нема свој автомобил.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|