среда, 20.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Забава / Занимливости

Берлинскиот пункт Чарли стана туристичка атракција

Контролниот пункт Чарли, некогашна граница меѓу Западен и Источен Берлин и симбол на Студената војна, стана туристичка атракција, што предизивика негодување од страна на жртвите од комунистичкиот режим и кај некои германски политичари. Поранешниот официјален претставник на американската војска Вернон Пајк, командант на пунктот во текот на Студената војна, тврди дека е неприфатливо тоа што луѓе во костуми глумат војници на „место од историско значење“.

Тој напиша и протестно писмо до локалната власт во Берлин. Контролниот пункт Чарли било место на драматични и трагични настани, бидејќи многумина се обидувале да се префрлат од комунистичката Источна Германија во капиталистичката Западна Германија. Како еден од најпотресните призори неретко се спомнува смртта на 18-годишниот Германец од Источен Берлин, кој бил убиен од пограничната стража и го оставиле да искрвари на ничија земја. На тоа место советските и американските тенкови се соочија во 1961 година, само неколку недели по изградбата на Берлинскиот ѕид.

За разлика од минатото, Чарли сега е место каде се собираат љубопитни туристи. Уличните продавачи согледаа можност за заработка и нудат парчиња тули за кои тврдат дека претставуваат делови од Берлинскиот ѕид, знамиња од времето на комунизмот и руски шубари. Во близината на пунктот се сместени бројни ресторани за брза храна, а најпознат, без сомневање е „Бар Чарли“, дрвена колиба опкружена со вреќи од песок, по пример на вистинските воени пунктови.

Туристите имаат и можност по цена на едно евро да се фотографираат со глумците облечени во американски, руски, француски и германски униформи. Следната година по повод одбележувањето на 20 годишнината на падот на Берлинскиот ѕид, локалната власт во Берлин размислува да организира изложба или да отвори музеј во близина на пунктот Чарли.

Данас - Белград




Наjновo од Забава
Берлинскиот пункт Чарли стана туристичка атракција
Среќен роденден штрумфови!
Сакам тело како Бред Пит
Рамбо е русин!
Бритни врска нема од пеење видео
Куме, кажи име...
Грдите жени протестираат
Радио цицки
Брак = Затвор
Метеорит продаден за 36.000 долари
Во Чиле полициско куче знае да боксува
За одмазда го продава малиот кондом на сопругот
16 кофи монети за ново возило
Почина највисоката жена на светот
Видео клип
Кој е пострашен?
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи