
|
 |
Забава / Занимливости
Мачка со четири уши
Темносивата мачка Јода, наречена според ликот од филмот „Star wars“ е главна вест на светските таблоиди. Мачката има една мана, има четири уши. Иако може звучи бизарно, мачката изгледа баш симпатично, а според нејзините сопственици, семејството Рок од Чикаго, таа вистинска атракција во соседството.
 Кога пред две години го нашле мачето пред нивниот омилен паб, не ни знаеле дека здомиле вистинско чудо. Иако изгледа како најобично сиво маче, Јода после првиот ветеринарен преглед се здоби со светска слава.
Ветеринарот, откако забележал дека зад ушите има уште две мали ушиња, кои изгледаат како рогови, веднаш ги информирал своите колеги ширум светот за неговиот необичен пациент.
Откако му се јавиле неколку колеги од Русија и Германија, кои исто така имале пациенти со истиот „проблем“, Јода се најде во листата на феномени во фелинологијата. Брачниот пар Валери и Тед Рок се свесни дека имаат посебен миленик, но стравуваат за него.
 Тие веруваат дека некој би можел да им го укради, поради што мачката поголемиот дел од времето е дома. Поради својата посебност, Валери и Рок и не и дозволуваат да се шета и да си игра во дворот пред нивната куќа. Од страв да не им ја украдат, сопствениците на својот миленик му вградиле и чип.
Екстра парот уши не му помагаат на Јода подобро да слуша, тие се само негов природен украс.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|