
|
 |
Забава / Занимливости
Почина човекот кој тврдеше дека има 139 години
Индиецот Хабиб Мисан, еден од најстарите луѓе во светот кој тврдеше дека има 139 години вчера почина од висока температура и болки во стомакот.
Според документите, Мисан има 130 години, а не 139 како што тој велел. Хабиб не бил запишан во Гинисовата книга на рекорди затоа што уредништвото тврдело оти нема докази за неговата старост.
Во податоците кои Хабиб ги оставил во 1938 кога одел во војска стои дека е роден во 1878 година. Тој почина во градот Јаипуру, во западна Индија. Зад себе остави 140 внуци и правнуци.
Најстарата личност забележана во Гинисовата книга на рекорди е Французинката Џин Калмет која почина на 122 години. Најстарата регистрирана жена е Американката Една Паркер (115), додека најстар регистриран маж во светот е Томои Танабе (112) од Јапонија.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|