
|
 |
Забава / Занимливости
Лозинката ни на суд
Американскиот окружен суд во Вермонт пресуди дека присилувањето некога да ја открие лозинката за дешифрирање на неговиот хард диск е кршење на Петтиот амандман од Уставот на САД и претставува кршење на уставните права.
 Станува збор за парница во која двајца погранични полицајци тврдат дека на лаптопот на обвинетиот нашле детска порнографија. Лаптопот бил веднаш запленет и против сопственикот покренале обвинение. Но, полицајците направиле грешка, го изгасиле компјутерот. Кога повторно го вклучиле, за да пристапат до хард дискот им била потребна лозинка, која обвинетиот одбил да им ја даде. Полицајците се обиделе да ги присилат, поради што побарале од судот да издаде налог кој ќе го обврзе обвинетиот да ја открие шифрата. Сепак судот смета дека присилувањето некого да ја открие шифрата која би можела да придонесе за неговото осудување е повреда на Петтиот амандман од американскиот Устав.
Доколку пресудата се одржи, ова ќе претставува преседан во САД каде постојат десетици правни расправии за тоа дали е законито или не некој да се присили да ја открие сопствената шифра со лозинка со која заштитува било какви податоци.
Обвинетиот веројатно ќе биде осуден и без повторно прегледување на хард дискот бидејќи полицајците веќе сведочеле дека при „непосредниот увид“ виделе детска порнографија на неговиот лаптоп.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|