
|
 |
Забава / Занимливости
|
|
Слон се излечил од зависност на хероин
Слонот кој бил зависник од хероин, успеал да се излечи после програмата за одвикнување во кинеската покраина Хаинан.
 Овој слон бил заробен од ловци на животни во 2005 година, кои го хранеле со банани во кои имало хероин за да можат полесно да го контролираат.
Откако полицијата ги уапсила и го ослободила слонот, после неколку месеци било констатирано дека кутрото животно пати од зависничка криза и било пратено во центарот за заштита на животни во Хаинан.
Едногодишната терапијата со метадонски инјекции, кои биле пет пати појаки од оние кои се даваат на луѓето, му помогнала на ова четиригодишно слонче да се излечи од зависноста.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|