
|
 |
Забава / Занимливости
|
|
Swiss army бања
Личи на уметничка инсталација инспирирана од отворач за тапи или пак од џебното ноже, попознато како „ Swiss army“ ноже.
 Но, тоа не е орнамент, ниту пак скулптура. Всушност тоа е правата вертикална бања, наречена Vertebrae. Оваа бања, која во себе има нужник, мијалник, казанче, две фиоки, и два туша чини 9.000 фунти и е наменета за семејствата кои постојано водат војна каде да ги сметат неопходните елементи на толку мал простор.
 „Vertebrae“ е изум на наградениот дизајнер Пол Хернон, кој во својот ум успеа да создаде мал апартман.
 „Направив повеќе истражувања и дојдов до сознание дека просторот кој е наменет за бања станува се потесен и помал, особено во становите. Создадов интересна, но функционална бања, каде сите елементи се поставени еден врз друг“, вели Хернон.
 Бањата го користи вертикалниот простор, наместо хоризонталниот, како што е случај со традиционалните бањи. Лесна е за поставување и за одржување, а се што ви треба е поплочена просторија.
 „Мислам дека со неа успеав да ги поместам границите на се што досега било направено. Мислам дека оние кои ќе ја видат дека ќе се воодушеват“, вели Хернон, додавајќи дека елементите можат да ротираат од 180 до целосни 360 степени.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|