Се жени најдебелиот човек на светот
43 годишниот, Мануел Урибе, го најавил своето венчавање на 26 ноември, а невеста е неговата долгогодишна девојка Клаудиа Солис.
Урибе се уште не е способен да оди, затоа на церемонијата ќе биде однесен со специјално изработен кревет. Оваа година тој е прогласен за најдебел човек на светот според Гинисовите рекорди. Бившиот механичар, кој е врзан за кревет веќе 6 години, се хранел главно со брза храна и достигнал тежина од неверојатни 570кг. Но Урибе е одлучен да го промени својот живот. Тој веќе успеал да симне околу 220 кг, а цел му е да достигне тежина од околу 100 кг. Неговата диета се состои од рибна чорба, еден портокал, пола јаболко и 18 зрна кикирики. 
,,Луѓето мислат дека можам да изедам цел вол, но не се работи само за прејадувањето. Постои и хормонално пореметување″, ги објаснува Урибе проблемите со преголемата тежина. Урибе ја запознал Клаудија пред 4 години и од тогаш се неразделни. На венчањето свадбената торта ќе биде послужена само на гостите, додека младоженецот нема намера да проба ни едно зрно, поради диетата и својата одлучност да издржи до крај.
|