
|
 |
Забава / Занимливости
|
|
Највисокиот човек стана татко
Највисокиот човек во светот Бао Синшун, мината недела ја понесе и титулата највисок татко, откако неговата сопруга го роди првото нивно дете.
Момчето е 56 сантиметри долго и 4,2 килограми тешко, што слободно може да се каже дека е за нијанса подолго од просечните новороденчиња. Сепак синот на највисокиот татко значително е пократок од најдолгото бебе во светот кое минатата година се роди во Кина и имаше 75 сантиметри.
Бао накратко ја загуби титулата Највисок човек според Гинис, откако медиумите објавија дека Украинецот Леонид Стадник е уште повисок, титулата сепак ја доби назад откако Стандик одби да го измерат.
Синот на Бао е роден во четвртокот, но информацијата се прошири дури викендов, поради строгата приватност што ја побарал Бао Синшун од клиниката.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|