Риби - сијамски близнаци

Кој би помислил дека риби сијамски близнаци би можеле да преживеат, но овие две „Nile Tilapia“ риби веќе осум месеци одлично се наоѓаат во заедничкиот и понекогаш испревртен начин на живеење.
Поголемата риба ја брани помалата близначка од останатите грабливи риби, додека помалата и помага на поголемата во потрагата за храна.

„Nile Tilapia“ рибите живеат во слатките води на тропските реки, канали, езера или мочуришта, но овие риби – сијамски близначки живеат во аквариум во Банкок.
|