
|
 |
Забава / Занимливости
|
|
Најмлада сумо борачка
Четиринаесетгодишната Саманта Џејн Стејси како да е родена да биде сумо борач.
 Младата Стејси, тешка 127 килограми ќе биде најмладиот австралиски сумо борач што ќе се обиде да и донесе слава на својата земја на претстојниот светски шампионат во сумо борење, кој следниот месец ќе се одржи во Естонија.
Саманта, попозната како „Семи Сумо“ во моментов е на диета за одржување на телесната тежина.
 „Семи Сумо“ вели дека е горда што ќе ја претставува својата земја, но во моментов нејзина најголема грижа не е борбата, туку како ќе го поднесе 32-часовниот лет до Естонија.
Љубовта кон сумо борењето ја добила благодарение на нејзиниот постар брат Блејк, кој бил голем фан на овој боречки спорт кој одлучил да си ја проба среќата.
„Вежбав со брат ми, му помагав, тогаш ме забележа неговиот тренер и ме праша дали би сакала да учествувам во натпреварот. Оттогаш навистина сум посветена на спортот“, вели Саманта Џејн.
Младата Австралијка вели дека не се обидува да се здебели, туку дека држи избалансирана диета која ќе и помогне да остане во форма за големиот натпревар.
„По природа сум голема девојка. Не јадам ништо екстра. Мојата здравствена состојба не ми дозволува да ослабам. Поради таквото здравје изгледам дебело. Но, јас се хранам здраво, сакам житарки, во комбинација со банана или јагоди. Слабост ми е специјалитетот на татко ми, лазањи“, вели Саманта Џејн,
Таткото на Саманта, Ворен Стејси вели дека неговата ќерка е родена да биде сумо борач.
„Нејзиниот чичко беше 213 сантиметри висок, а тежок од 180 до 200 килограми. Се чини дека тоа е во гените на фамилијата“, вели Ворен Стејси.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|