
|
 |
Забава / Занимливости
|
|
После разводот буквално ја поделиле својата куќа на половина
Маж и жена од Камбоџа кои неодамна се развеле и буквално, а не само на хартија, ја поделиле заедничката куќа на два дела. Еден дел останал за жената, додека нејзиниот поранешен маж ја однел својата половина на другиот крај од селото, пренесува Дејли телеграф.
Соседите на разведениот пар кажеле дека овој радикален потег бил многу мудар бидејќи во Камбоџа услугите на адвокатот во случај на развод можат да бидат многу скапи. Меѓутоа комшиите додале дека им е жал што нивните долгогодишни пријатели се развеле.
“Пробавме да ги разубедиме. Им зборуваме да размислат уште еднаш пред да го направат овој радикален чекор, затоа што сепак живееја заедно 40 години“, изјавил за локалните медиуми Ворнг Морн првиот човек на селото.
Во текот на поделбата на имотот нивната куќа буквално била пресечена на два дела.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|