
|
 |
Забава / Занимливости
|
|
Кладете се на НЛО!
Австралиска претскажувачка предвидела дека во вторник на Земјата ќе слета огромен вселенски брод. Оние кои верно ја следат работата на Блосом Гудчајлд, веднаш се упатиле во обложувалници. Доколку се оствари предвидувањето на видовитата госпоѓа, обложувалниците треба да исплатат повеќе од 1,3 милиони евра!
Видовитата Гучајалд рекла дека џиновски вселенски брод ќе се појави во вторник, истиот доаѓал до Федерацијата на светлината, пренесува “Мондо“.
“Малку сме нервозни, но, се надеваме дека видовитата госпоѓа ќе погреши. Внимателно ќе го гледаме небото“, рекол портпаролот на “Вилием Хил“, Руперт Адамс.
“Секогаш сме внимателни кога станува збор за облози. Исплативме милиони, кога Нил Армстронг конечно слета на Месечината во 1969 година“ истакнал Адамс.
Сајтовите посветени на НЛО во Британија, веќе се преполни од можни видувања и од други информации за вселенскиот брод, што на небото треба да се појави наредните денови.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|