
|
 |
Забава / Занимливости
|
|
Идниот најнизок маж на светот
Момчето Катендра Тапа Магар од Непал, висок 61 сантиметар, наскоро ќе биде прогласен за најнизок маж на светот.
 Магар, кој во октомври ќе наполни 18 години и неговото семејство се во контакт со претставниците на Гинисовата книга на рекорди која официјално ќе го прогласи за најнизок маж на светот, откако ќе стане полнолетен.
Висок само нешто повеќе од 60 сантиметри и тежок 4,5 килограми, ова момче стана вистинска ѕвезда во својата земја и селото каде му дале прекар „малиот Буда“.
Неговата мајка изјави дека кога се родил бил тежок само 600 грама и на почетокот таа се срамела од него. Долго време не му дозволувале да излегува од куќата, но сега многу се гордее на својот син.
Влегувањето во Гинисовата книга за Магар ќе биде најзначаен настан во животот.
- Ако бидам прогласен за најнизок маж на светот, ќе можам да го остварам својот сон и да ја посетам Америка, нагласи тој Магар, додавајќи дека сака да стане најславен танчер на светот.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|