петок, 10.09.2010

  IDIVIDI Мени
Забава / Занимливости

Секој Британец издвојува по 69 пени за кралското семејство

За издржувањето на кралското семејство, секој Британец во минатата година издвоил по 69 пени или три пени повеќе отколку во претходната година, покажуваат службените податоци што денеска ги објави Бакингамската Палата.

Според соопштението на финансиските служби што се грижат за сметките на кралицата и на нејзиното семејство, минатата година се потрошени 41,5 милиони фунти од државните пари за оваа намена, при што е забележано зголемување на трошоците за 1,5 милион фунти, јави дописникот на МИА од Лондон.

Во истиот период е забележано и зголемување на извлекувањето пари за потребите на кралското семејство од т.н. цивилна листа, што е уредена уште во почетокот на деведесеттите години од 20 век во време на Владата на премиерот Џон Мејџор и што одново ќе се преразгледува идната година. Најголемиот дел од овие пари се дадени за платите на персоналот и службите на кралското семејство.

Минатата година кралската куќа објави дека издршката на кралицата и нејзиното семејство ги чини Британците помалку од цената за литар млеко.

Во годинешниве трошоци од 41,5 милион фунти, не се пресметани давачките за обезбедувањето што го врши полицијата и армијата, како и за церемонијалните обврски на војската, што одат на нејзин трошок.

Најголем поединечен трошок кралското семејство има направено за патувањата, на неговите членови, а пред се на престолонаследникот Чарлс и неговата сопруга војвотката од Корнвол. За оваа намена се потрошени 6,5 милиони фунти, односно 300 илјади фунти повеќе од претходната година, поради далечните прекуморски турнеи на принцот.



Наjновo од Забава
Ноел Галагер ќе прави пауза од музиката
Автобиографија на Џими Пејџ се продава за 445 фунти
Џони Деп најплатен холивудски актер
Се дуплираат приходите на Дон Џонсон
Необични тоалет хартии фото галерија
Роб е посесивен кон Кристен
Славата ја смени GaGa
Креативни автобуски постојки фото галерија
Скејтер во инвалидска количка
Маж се искачи на облакодер во Сан Франциско и беше уапсен
Несреќа на работно место: Го скршил пенисот додека снимал порно филм
X Factor тепачка видео
Кубанец преживеал пет удари од гром
Старица преживеала седум дена в планина без вода и храна
Токио: Железничка пруга во хотелска соба
Најмалиот човек во светот има само 70 сантиметри
Видео клип
За баскетџии...
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи