Улица на различни култури
Дали некогаш сте посакале да прошетате по улица на која што можете да уживате во културите на повеќе народи? За жителите на општината Chongqing, Кина како и за сите кои што ќе решат да дојдат тука оваа желба претставува реалност.

 Таканаречената „Улица на странците“ е уникатно место кое што комбинира најразновидни стилови на храна, игри и архитектура од различни делови на светот.


Па така туристите може да уживаа во италијанското кафе, индиските колачиња, британскиот чај како и во многу други нешта. Се разбира тука се и интересните замоци, продавници, познати ресторани и многуте пабови.

|