Кубанки направија наголема кукла во светот
По повод 496-годишнината на градот Камагвеја и со надеж дека ќе влезат во Гинисовата книга на рекорди, жителите на третиот по големина кубански град, ја направија најголемата крпена кукла во светот.

Ленор, крпена кукла висока 22 метра поставена е на Плоштадот на работниците и нејзините автори велат дека е тоа најголемата кукла во светот.
- Таа е направена по повод неделата на култура и посветена на „децата од Хаити кои се загубиле“ во земјотресот од 12 јануари, изјави Кармен Сото, кубански уметник која ја осмисли куклата во рамки на нејзиниот проект Карсуењо.
Куклата е облечена во традиционален фустан во бои на кубанското знаме, закачена на кран каде ќе стои до крајот на културната манифестација.
|