
|
 |
Забава / Занимливости
|
|
Распродаден најдолгиот колбас во светот
Најдолгиот колбас во светот, долг 2.026 метри, беше распродаден на многубројните посетители на 26-та „Колбасијада“, традиционална туристичка манифестација во Турија во близина на Србобран, во српската област Војводина.
 Колбасот, кој е кандидат за Гинисовата книга на рекорди, е за еден метар подолг од минатогодишниот. Тој бил направен од 12 мајстори од селото Турија, кои го употребиле месото од 30 угоени животни и десетици килограми зачини.
 - И покрај лошото време, на тридневната „Колбасијада“ се собраа неколку илјади гости од цела Србија, а имаше и посетители од Унгарија, Словачка и Словенија, изјави претседателот на организацискиот комитет на „Колбасијадата“ Мирослав Медуриќ.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|