Детето магнет сепак е само лепак

Способноста на седумгодишниот Богдан Ивковиќ од Власотинац со тело да привлекува метални, пластични и порцелански предмети ја заинтригира светската јавност, па така американскиот MSNBC направи репортажа за него. Сепак, оваа приказна наведува дека некои поединци и експерти се сомневаат во моќта на магнетизам на Богдан.

Уредникот на магазинот „Skeptical Inquirer“ врз основа на репортажата заклучил дека на станува збор за вистинска способност на привлекување предмети затоа што такво нешто не постои.

- Луѓето на овие снимки се наведнуваат малку наназад. Доколку навистина поседуваат способност за привлекување метал, би требало да се наведнуваат нанапред, бидејќи силата на магнетизмот станува посилна од гравитацијата и тоа би требало да се види, вели Редфорд, додавајќи дека Богдан на себе лепи предмети кои имаат мазна површина, поради што се задржуваат на кожата.

Објаснување кое нема врска со магнетските моќи даде и Сејди Кребтри од организацијата James Randi Education Foundation која се бави со истражување на паранормалните тврдења.

- Кожата по природа е малку леплива, нечија е повеќе, а некоја помалку. Во суштина ова не се разликува од трикот на лепење лажица на врвот на носот. Тоа е само лепење преку триење, вели Кребтри.

Врз „лепливоста“ на кожата влијае и потта, која ја намалува нејзината еластичност и овозможува подобро лепење и задржување предмети, вели германскиот научник Елмар Конер.

- Потта има клучна функција: со зголемување на влажноста, кожата станува помека и се намалува енергијата, што доведува до полесно прилепување, вели Кронер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби