Како да ги украсите велигденските јајца?

Украсувањето на велигденските јајца може да биде вистинска уметност доколку се определите за вистинската техника на украсување.

Волнени јајца- можете да се послужите со волна во разни бои и да ја залепите за јајцата. Доколку сакате да ви траат подолго, претходно продупчете ги јајцата со игла и отстранете ја внатрешноста.

Украсување со салфетки – сварете ги јајцата и оставете ги да се изладат. Можете да ги обоите или да ги оставите така. Потоа од салфетките исечете убави мотиви. Со помош на изматена белка ставете ги мотивите на јајцата и оставете да се исуши.

Налепници- налепниците се одлична идеја за украсување на велигденските јајца. Ги има во сите форми и големини па нема да ви биде никаков проблем да ја пронајдете вистинската комбинација.

Украсување со хулахопки- земете листови од детелина, цветови и други интересни растенија убаво поставете ги на јајцата, а потоа цврсто затегнете со хулахопките. Откако ќе ги бојадисате јајцата отстранете ги растенијата и најлонот.

Восок- доколку сакате нешто навистина уникатно затоплете восок и нанесете го на површината од јајцата со игла или пак чепкалка. Потоа следува процесот на боење. За ова украсување ќе ви биде потребна стабилна рака и многу посветеност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби