Мајкл Џексон вечерва почина

Кралот на поп музиката, Мајкл Џексон почина вечерва на 50 годишна возраст. Associated Press пренесува дека Џексон вчера бил примен во болница во Лос Анџелес откако претрпел срцев удар, а телевизиската станица CNN доцна вечерва објави информација дека кралот на поп музиката е мртов. Според информациите на познатата телевизија, Џексон во бoлницата бил примен во кома и докторите сториле се за да го вратат во живот.

Брајан Охман, адвокатот на фамилијата Џексон, изјави дека му соопштил на братот на Мајкл, Ренди Џексон, дека вчера Мајкл колабирал во својот дом во западен Лос Анџелес.

- Лекарите го прогласија Мајкл за мртов веднаш по доаѓањето во болницата. Тој беше примен во длабока кома, без пулс. И покрај реанимацијата неговиот пулс не беше вратен, изјавија од U.S.L.A Медицинскиот Центар.

 

 



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Се пали на мотори...
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download