Пејачот Гоце Николовски пронајден мртов

Скопје, 17 декември (МИА) - Гоце Николовски, роден 1947 година во Скопје, утрово околу три часот бил пронајден мртов во сопствениот дом од страна на неговиот син, информира МВР.

Според МВР, Николоски бил со прострелна рана во главата, а покрај телото бил неговиот пиштол, што го поседувал легално.

Од МВР велат дека сведоци од околината на семејната куќа на Николоски изјавиле оти слушнале истрел синоќа во 22 часот. Во тој период Николоски бил сам во домот. Утврдено е дека вратата на куќата била затворена од внатрешната страна, а биле затворени и прозорците.

Првичните сознанија на МВР укажуваат дека нема знаци на разбојништво, насилство или присуство на други лица. Пронајдено е и проштално писмо кое дополнително ќе се вештачи, информираат од МВР.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Машина за перење
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download