Каролина прогласена за најдобра екс ју-пејачка

На "Радискиот фестивал", кој се одржа викендов во "Сава центарот" во Белград, Србија, Каролина Гочева освои три големи награди, со што ја потврди својата популарност кај нашиот северен сосед. Покрај освоеното второ место на фестивалот, кое го подели заедно со Елена Ристевска, таа ја освои и првата награда од жирито, а на прес-конференцијата по фестивалот членовите на српските медиуми едногласно ја прогласиле за најдобра екс југословенска пејачка.

Каролина завчера се врати со својот тим од "Авалон продукција" од Белград и не ја крие радоста.

- Не очекував дека ќе добијам толку награди, но и да не се случеше така, ќе беше супер. Фестивалот беше супер организиран и имаше големо дружење меѓу сите колеги од поранешна Југославија. Овој период имав многу ангажмани во Босна и во Црна Гора и сметав дека е потребно да се појавам и на фестивалот во Србија. Сепак, фестивалите се најдобрата промоција на песната - вели Каролина.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Се пали на мотори...
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download