Ева и Андријана како Бијонсе и Шакира

Поп - пејачките Ева Нединковска и Андријана Јаневска снимија дует песна и спот по примерот на светските музички sвезди Бијонсе и Шакира, односно Витни Хјустон и Мараја Кери. Песната се вика "Тивка ноќ" и е сместена на албумот на Ева, "Талисман". Дует песната е авторско дело на Гаро Тавитјан Јуниор, кој е композитор и аранжер , а текстот е на Ева. Во оваа песна, која е нежна и силна балада која ја слави на љубовта, Андријана го изведува солото на виолина.

Спотот кој го работи Томато продукција е ексклузивен по многу нешта. Прво изгледот на Ева и Андријана, кои за прв пат ќе се видат во едно поинакво светло, но и доминацијата на луксузен и висококвалитетен накит, како што се чешките кристали специјално донесени за спотот. Во спотот се користени најновиот модел на камера, досега неупотребуван кај нас, но и специјално изработената подвижна ротирачка сцена на која пеат Ева и Андријана наизменично додека таа се врти.

Спотот е во издание на Парамециум Продукција.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Машина за перење
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download