Интевју

Добрите музичари можат да живеат од музиката

Добитници на 2 влезници за вториот концерт на 11.04.2008 се:
Александра Јовевска;
Драган Мисковски;
Александар Грибовски;
Ивона Шукуроска;
Сања Кузмановска

Влезниците може да ги подигнат со документ за идентификација во четврток и петок од 14 до 18 часот на билетарницата од Универзална сала

На музичката сцена се присутни веќе 10 години, како изведувачи, текстописци, аранжери... Јован Јованов ја освои публиката со Boy band-от „Магија“, за потоа да се одвои и да се посвети на соло кариерата. Елвир иако долго е во музичките води, годинава, го издаде својот деби албум. Двајцата музичари, кои најмногу се помнат по атрактивните сценски настапи подготвуваат заеднички прв концерт, во организација на продукциска куќа „План Б“

Одамна соработувате, а од Нова Година и двајцата сте дел од продукцијата „План Б”. Во најава е заеднички концерт како се случи идејата?

Ј.Ј: Идејата беше заедничка. Секојдневните ангажмани и обврски не ни дозволуваа да работиме за нас самите, ни требаше некој менаџер кој ќе застане зад нас и ќе се грижи за нашите кариери. Тука се најдовме со Кристијан Стефановски, видовме дека сите се сложуваме со замислите и идеите. Сега кога имаме некој кој што стои зад нас имаме повеќе време да се посветиме на музиката, да работиме за други пејачи, а и за нас.

Концертот го спремаме одамна, но го чекавме вистинскиот момент, момент во кој Елвир и јас би се покажале во најдобро светло. Сакавме да го извадиме најдоброто од нас, бидејќи и на двајцата ова ни е прв солистички концерт. Ова пред се го правиме за нашата публика, за нашите обожаватели.

Колку време ќе трае концертот и што и подготвувате на македонската публика? Ќе има ли специјални гости?

Концертот е предвиден да трае два часа, а за подолго зависи од публиката J. Подготвуваме специјално шоу со танчери, пиротехника и уште многу други изненадувања. Не сакам се да откривам сега, бидејќи тоа треба да се види.

Имате ли заедничка кореографија и кој стои зад сценските движења. Дали е точно дека кореографијата за настапите и спотовите ја спремате заедно со Адријан Гаџа, а како пример го земате Џастин Тимберлејк?

Не е точен податокот дека со Адријан Гаџа ја спремаме кореографијата. За концертов подготвувме вистинско шоу со кореографии кои досега никаде не се изведени и видени. Зад нив стои кореографот Љупчо, со кој соработуваме долго време и е одговорен за сценските движења во сите спотови, настапи и фестивали кои досега сме ги имале. За пример не го земаме само Џастин, ги земаме повеќето светски пејачи и нивни кореографии.

На годинешниот избор за Евровизија немаше многу скандали, но сепак се забележаа технички пропусти околу музичката подлога. Некои критичари сметаат дека тоа е резултат на лошо изработена матрица?

Тоа е резултат на преносот на МТВ. Песните во сала убаво звучеа. Преносот МТВ се уште го прави моно за жал. Секаде во светот, на сите светски телевизии преносот е стерео, само кај нас се уште е моно. Се беше перфектно изработено во сала. Проблемот не е во ништо друго освен во старата техника на МТВ.

Што мислите за победничката песна. Ви се допадна ли?

Уште пред самиот избор ја слушнавме песната на Раде, да многу ни се допадна. Им посакуваме се најубаво во Белград, да постигнат голем успех.

И двајцата сте активни во творечкиот дел на музицирањето, Јован со продукцијата, аранжманите, Елвир најмногу со како текстописец. Колку од тоа може да се живее на овие простори?

Активни сме во музицирањето повеќе од десет години. И двајцата живееме од музика, таа ни е единствен извор на егзистенција. Секој успешен композитор и текстописец, или воопшто музичар се разбира дека може да живее од тоа.

На запад, музичките ѕвезди посебно внимание му посветуваат на надворешниот изглед. Сметате ли дека една музичка ѕвезда во Македонија може да си го дозволи тоа, се разбира во наши услови. Колку тоа се следи во Македонија?

Добро е што се повеќе и повеќе работи гледаме од Запад, па може да се рече и дека ги применуваме. Се разбира дека мора да посветиме внимание на целиот наш изглед, не само на физичкиот. Секој кој сака да биде вистинска ѕвезда мора да се грижи за себе. Тоа е правило, секаде во свет.

Околу приватниот живот, Се зборува дека сте во врска со сестри близначки. Дали е точно?

Ј.Ј: Апсолутно не е точно. Тие ни се само пријатели, како и другите што ги имаме. Пријателството започна од снимањето спотот на Елвир „Некаде после два“.

Елвир, во едно интервју изјави дека својата девојка ја имаш запознаено на снимање на спот. За кој спот станува збор и колку време сте заедно?

EM: Не сум изјавил дека мојата девојка сум ја запознал на спот. Имам изјавено дека мојата драга пријателка сум ја запознал на снимањето на спотот „Некаде после два“ и оттогаш сме пријатели.

Дали во работата и во следењето на светските музички трендови го користите интернетот?

Се разбира. Тоа е неминовно. Сите можни информации ги земаме од Интернетот. Денеска ако не знаеш да работиш со Интернет тоа ти е исто како и да не знаеш да пишуваш, а тоа особено важи за нашата работа. Може да се рече дури и премногу го користиме Интернетот.

Имате ли сопствена веб страница, дали е тоа начин да комуницираш со фановите?

Имаме, но се уште се во изработка. Со нашите обожаватели комуницираме преку MySpace и Hi5 порталите. Интернетот е еден од најдобрите начини да комуницираш со своите обожаватели од каде и да се.

Освен пеењето дали можеби би се обиделе и во некои други професии како што е актерството, или можеби манекенството?

Досега не сме размислувале за ова, а и не знаеме дали би не бивало за тоа. Никогаш, ништо не се знае во животот. Можеби еден ден ќе биде и тоа…Засега задоволни сме од ова што го работиме и ова работа не исполнува целосно.

***

План Б секогаш со повеќе планови

Манекенството е само едно од моите многу хоби, но никогаш сериозно не сум се занимавал со него, продукцијата е мојот сон - вели првиот човек на План Б продукција - Кристијан Стефановски


Го напуштивте манекенството за да се занимавате со продукција? Од каде идејата за План Б?

Јас никогаш сериозно не сум се занимавал со манекенство, на тоа е само едно од многуте хоби кои ги имам. Со продукција и со организација на разни проекти се занимавам одамна, тоа е и мојата определба во животот. Студирам продукција на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Веќе неколку години сум дел од менаџерскиот тим од модното студио Црнокрак. Идејата за План Б продукција е уште од поодамна, а годинава конечно и се реализираше. Дојде до соединување на идеите заедно со Јован и Елвир и така ја формиравме оваа продукција.

Освен соработката со Јован Јованов и Елвир Мекиќ, дали се во план некои други македонски пејачи?

Се разбира дека План Б продукција има многу планови кои еден по еден се реализираат. Најголем проект за почетокот на годинава е големиот концерт на Јован Јованов и Елвир Мекиќ кој ќе се одржи на 10 април во Универзалната сала во Скопје. Исто така кон крајот на месец април на јавноста ќе и промовираме и нова музичка група, која ќе биде составена од двајца момци, близнаци. Се работи на нешто ново, на што и самите ќе бидете сведоци, да не откривам сега се.

Како планирате да ја развивате продукција План Б, ќе се задржите само во музичките води, или постојат некои други проекти?

План Б продукција ќе се развива постепено, но сигурно. Ќе работи само квалитетни настани кои ќе оставаат белег кај нашиот народ, настани кои ќе се памтат. Иако сме нова продукција, задоволни сме од нашата досегашна работа. План Б е продукција која ќе работи на повеќе полиња. Едно од тие полиња е се разбира водење на кариерите на нашите ексклузивци. На агендата за годинава исто така ни е да направиме уште неколку вакви големи концерти во поголемите градови во Македонија. Не само луѓето од Скопје, туку од цела Македонија ќе може да присуствуваат на едно вакво случување. Оваа продукција исто така се занимава со маркетинг, организирање на манифестации, настани, а наскоро и со видео продукција. Досега, лично јас имам организирано многу проекти. План Б продукција е составена од тим кој ќе работи на сите овие полиња. Наскоро, по завршувањето на годишните одмори се спрема голем проект, за кој ќе дознаете некаде кон крајот на летото.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Јак гимнастичар
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download