Рон Вуд ја напушти сопругата за тинејџерка

Гитаристот на Rolling Stones по 23 години брак ја остави својата сопруга за 18-годишна келнерка.

Младата келнерка Екатерина Иванова и не баш младиот Рон Вуд наводно заедно отпатувале во неговиот дом во Ирска, додека неговата сопруга Џо останала во нивната лондонска резиденција.

Шеесет и едногодишниот Рон и Екатерина се запознале пред три месеци на премиерата на документарниот филм на Мартин Скорсезе за Rolling Stones – „Shine a Light“.

Сопругата на гитаристот по ваквите информации за еден од британските таблоиди изјави дека Рон и Екатерина „заминале на уметничко патување и дека се само пријатели“.

Сепак, Екатерина преку Facebook на некои од своите пријатели им пишала дека со Рон се пар и оти Џо ја „молела“ да не и го зема мажот, на што младата келнерка, по потекло од Русија одговорила, „јас не го земам, тој сам доаѓа“.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Љубовџија :-)
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download