Бојл го пцуела жирито и гостите од хотелот

Пејачката сензација, Сузан Бојл подивела и го пцуела жирито откако нејзината симпатија, членот на жирито Пирс Морган го прогласил настапот на Shaheen Jafargholi (12) за најдобар настап на „Britain’s Got Talent“.

Откако на снимката од шоуто слушнала дека Морган го фали нејзиниот помлад конкурент, Сузан пред 150 гости во хотелот Webley Plaza, хистерично заплакала, а кон телевизорот ги вперила двата средни прсти. Освен средниот прст, Бојл упатила низа вулгарни пцости кон жирито, со што ги зачудила присутните.

Гостите во хотелот кои биле сведоци на реакциите на новопечената ѕвезда останале шокирани. Но, без обѕир на наводните сведоци, портпаролот на Сузан ги демантирал пишувањата во англиските медиуми.

Домаќинката од Шкотска е фаворит во музичкото реално шоу, а нејзиниот настап на YouTube бил виден повеќе од 60 милиони пати, со што станала главна ѕвезда во медиумите.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Кој со што си игра !?
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download