Сара Џесика Паркер доби близначки

Сара Џесика и Метју Бродерик денеска добија две близначиња. Сурогат мајката, која холивудската двојка ја ангажираше за да им роди дете, вчера роди две девојчиња.

Веста за близначките на Сара и Метју ја соопшти познатата водителка Барбара Волтерс за време на емисијата „The View“.

Портпаролот на болницата во Охајо не беше достапен за коментар. Официјална потврда се очекува во текот на денот. Ѕвездата од „Sex And The City“, со Бродерик го има шестгодшниот Џејмс.

Бременоста на сурогат мајката беше откриена во април.

- Сара и Метју цела вечер ја поминаа во болница каде вчера добија близначки. Во болницата има големо обезбедување и тешко дека некој новинар ќе успее да земе изјава до попладневните часови, кога и се очекува портпаролот да ги потврди шпекулациите, изјави извор близок до двојката.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Пријател за мезе
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download