Брајан Оксман: Џексон се предозирал

Адвокатот на семејството Џексон, Брајан Оксман соопшти дека Мајкл Џексон веројатно починал како последица на предозирање со препишани медикаменти.

Оксман тврди дека кралот на поп музиката користел огромна количина  лекови при подготовките за неговата последна концертна турнеја во Лондон, со цел да се справи со болките кои никогаш не исчезнале после фрактурите на грбот и ногата, но и со респираторните инфекции и проблемите со кожата.

Педесетгодишниот пејач синоќа почина во болницата во Лос Анџелес, откако наводно доживеал срцев удар.

Оксмен соопшти дека семејството со месеци се обидувало „да се грижи за здравјето на Џексон“.

- Луѓето кои беа во негова непосредна близина му даваа се. Доколку мислите дека во случајот на Ен Никол Смит имаше злоупотреба, тоа не е ништо во споредба со тоа што се случуваше во животот на Мајкл Џексон. Не знам кои се лекови ги земаше, но имам сознанија дека во рамките на семејството добивал различни и јаки лекови. Можам да ви кажам дека ги имав предупредено оти вакво нешто може да се случи. Каде што има чад, има и оган, изјави Оксман.

Во меѓувреме, медиумите објавија дека аутопсијата на телото на Џексон е закажана за денеска, а првичните резултати може да се очекуваат во текот на денот.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Слепиот не е секогасш слеп
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download