Ѕвездите плачат по најголемата ѕвезда

Познатите личности исто како и големите обожаватели на Мајкл Џексон тешко ја примија смртта на Кралот на Поп Музиката. Музичките и холивудските ѕвезди своето жалење го објавија на популарните интернет сајтови за социјализација, Twitter, Facebook, а некои и излегоа со официјална изјава на телевизија каде искажаа најубави зборови за пејачот кој остави голем печат во музичката историја.

- Почивај во мир, Мајкл. Испраќам љубов и светлина до неговата фамилија, пријатели, а особено до неговите деца, Ештон Качер. Ја молам јавноста да ги почитува желбите на неговото семејство и да ги остави децата на мира, бидејќи на нив сигурно им е најтешко.

- Ме потресе смртта на Џексон и на Фара Фосет. Сочувство до нивните семејства, особено до нивните деца, напиша Деми Мур.

- Неееееее Господе....ја испраќам целата моја љубов и молитви до Мајкл и неговата фамилија... се чувствувам многу лошо и сè уште не можам да поверувам, напиша Линдзи Лохан.

- Смртта на Мајкл Џексон ме погоди. Целосно сум во шок и не знам што да кажам. Мајкл ти си најдобар, ти си и ќе бидеш кралот на поп музиката, изјави Питер Андре

- Јас сум шокирана. Мојот Пријател Мајкл Џексон е мртов. Тој живееше со мене една надела во Голден Понд за време на снимањето на „Triller“, изјави Џејн Фонда.

- Срцето ми е скршено за неговите деца кои му значеа сè во животот. Ова е огромна загуба за сите нас, едноставно немам повеќе зборови, изјави Лиса Мери Присли, поранешната жена на Џексон.

-Елизабет Телјор е во шок и во моментов не може да изјави ништо. Мајкл и беше најдобар пријател и таа по неговата смрт се чувствува лошо, изјави портпаролот на актерката.

- Тој беше талент, светско чудо и неговата мистерија го направи легенда, изјави познатиот режисер, Стивен Спилберг.

- Мајкл Џексон целиот живот ми беше идол. Тој не беше само талентиран музичар, Мајкл беше уникатен човек, гениј, изјави Селин Дион.

- Имам милион мисли кои во моментов ми се вртат во глава. Милион емоции, милион реакции. Кога ќе помислам на него се сеќавам на едно младо момче кој прв пат го забележав. Тој беше голем музичар, едноставно тој е гениј, нешто слично како Реј Чарлс. Мајкл имаше посебен дар, тој беше поврзан со публиката, изјави Шер во шоуто на Леру Кинг.

- Бев возбудена и со нетрпение ги чекав концертите во Лондон. Турнејата во Европа ни беше закажана во исто време, па поради тоа едвај чекав да дојде јули. Тој беше инспирација во целиот мој живот и се чувствувам ужасно поради неговата смрт, изјави Бритни Спирс.

- Тој беше одличен пријател. Моето срце се исполни со жал во моментот кога ја слушнав лошата вест. Ќе се придружам на неговата фамилија и на неговите обожаватели во жалењето по најголемата ѕвезда во музичката историја, изјави неговата поранешна девојка, Брук Шилдс.

- Не можам да најдам зборови во моментов со кои ќе го искажам моето длабоко жалење за Мајкл. Изгубивме гениј. Тој беше вистински амбасадор не само на поп музиката, туку општо на музичката индустрија. Џексон беше инспирација за милион генерации. Неколкупати имав можност со него да ја делам сцената. Научив многу од него и среќен сум што имав можност да поминам време со кралот на поп музиката, изјави Џастин Тимберлејк.

- Тој беше најголемата музичка личност која живеела. Го сакав многу и навистина многу ќе ми недостасува, изјави Лајза Минели.

- Ова е трагична загуба. Мајкл Џексон имаше големо влијание во музиката. Не верувам дека некој друг музичар имал такво големо влијание како што имаше кралот на поп музиката. Тој имаше магија која засекогаш ќе остане на сцената. Тој засекогаш ќе биде кралот на попот, изјави Бијонсе.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Подобранец
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download