Огорчените студенти од Операција Триумф ги раскинуват договорите

Додека продуцентите на музичкото шоу Операција Триумф тврдат дека нивната музичката академија не е уште еден пропаднат проект, студентите го тврдат спротивното. Имено, само пола година по завршување на шоуто и потпишувањето на петгодишниот договор со продуцентската куќа Emotion, поранешните натпреварувачи одлучија да ги раскинат своите договори. Како што пишуваат медиумите од нашиот северен сосед, неколку поранешни студенти се незадоволни од договорот кој е постигнат со продуцентската куќа и пoради тоа одлучиле да ги раскинат договорите и да си ја спасат кариерата.

- Соња, Даниел и Сајко веќе се во контакт со еден од најпознатите белградски адвокати бидејќи сакаат да ги раскинат договорите со Emotion, изјави непознат извор кој додаде дека помеѓу огорчените студенти се наоѓа и  Александар Белов, открива изворот.

Освен Соња Бакиќ, Даниел Павловиќ, Никола Сариќ и Александар, се побунила и Милица Мајсторовиќ бидејќи наводно продуцентите ја терале да пее народни песни.

- Милица е разочарана бидејќи не се пронаоѓа во таа музика. Нејзината плата е мизерна и не може да живее од тоа, тврди изворот.

Со Милица се согласуваат и останатите студенти бидејќи сметаат дека се помалку платени од што требало да бидат, што и не чуди бидејќи по настап добиваат само 50 евра, додека почетна плата им беше по 500 евра.

- Разговарав со приватен адвокат и сакам на мирен начин да го решам прашањето за мојата понатамошна кариера. Не сум задоволен од  третманот и тоа искрено им го соопштив и на луѓето од Emotion. Не можам да живеам од медиумска помпа и автограми, изјави Никола Сариќ кој по завршувањето на Операција Триумф пееше во ОТ бендот.

- Секој има право да си побара адвокат и поради тоа немаме ништо против, порача Маринела Квапил, менаџерка од Emotion.

Без работа останала и хрватската пејачка Ана Бебиќ на која и било понудено да биде водителка во емисијата Летачки Старт со хонорар од 50 евра. Ана таа понуда ја одбила со образложение дека не дошла во Белград да биде водителка.

Истата водителска позиција ја одбил и Даниел Павловиќ. Иако тој бил во план со Ана да бидат стален водителски пар на емисијата. Очигледно дека најдобро се снашол Игор Цукров кој со помош на Тончи Хулиќ избори пласман на Евровизија.

Сајко требаше да настапи со Каролина на фестивалот  „Сунчане скале“, но откако тој се раскара со Emotion, ОТ бендот на чело со Вукашин го зазема неговото место.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Ама кечери
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download