World of Worcraft на големото платно

Најпопуларната MMORPG игра наскоро ќе добие и своја филмска варијанта, под режисерска палка на Сем Рејми, човекот кој е одговорен за филмските хитови како The Evil Dead, SpiderMan и најновиот хорор Drag me to Hell.

Рејми прво треба да го заврши четвртото продолжение на Spiderman, а доколку се биде по планот, Warcraft ќе почне да се снима во текот на идната година. Најпопуларната компјутерска игра ќе мора во најмала рака да биде спектакуларна, барем така бараат фановите.

Да се надеваме дека Сем нема да разочара, бидејќи публиката кој ја игра World of Warcraft брои повеќе од 12 милиони корисници ширум светот, а материјалот за филмот е многу инспиративен бидејќи играта има неколку продолженија.

Деталите сè уште не се познати, но се знае дека филмот ќе го продуцира Чарли Ровен, прославен по рабoтата во минатогодишниот хит Тhe Dark Knight, најновото остварување за Бетмен.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Кој многу пие...
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download