Мајкл Џексон е погребан во „Форест лон“

Американскиот пејач Мајкл Џексон е погребан синоќа во присуство на семејството и пријателите на гробиштата „Форест лон“ во предградието на Лос Анџелес, Гледнејл.

Погребот беше затворен за јавноста, а приватноста на церемонијата ја обезбедуваа голем број припадници на безбедносните служби.

Семејството на Џексон на погребот пристигна со повеќе од еден час задоцнување, со околу 30 лимузини и автомобили. Меѓу приближно 200-те присутни беа и Елизабет Тејлор, како и првата сопруга на Мајкл, ќерката на Еливс Присли, Лиза Мари Присли.

Неговото семејство и пријателите претходно се собраа на куса служба на 6 јули, а телото на пејачот од тогаш се наоѓа на овие гробишта, каде почиваат и други холивудски ѕвезди, како што се Кларк Гебл и Хемфри Богарт.

Мајкл Џексон е погребан во голема неокласична гробница, инсирирана од монументалните гробошта „Камп санто“ од 13. век во Пиза.

Трошоците за погребот, за кој се купени дури 12 парцели, чија точна намена се уште не е позната, се проценуваат на 1,4 милиони долари.

Кралот на поп-музиката, кој продаде милиони албуми ширум светот, почина пред повеќе од два месеци. Локалниот патолог во Лос Анџелес соопшти минатата недела дека пејачот е убиен со прекумерна доза на силни анестетици и седативи.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Кој со што си игра !?
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download