Елтон Џон сака да посвои 14-месечно дете

Елтон Џон изјави дека сака да посвои дете што го запознал за време на посета на дом за деца без родители во Украина.

Сер Елтон (62) на прес конференција изјави дека секогаш ја отфрлал идејата за посвојување поради своите години и начинот на живот што го принудува постојано да биде на турнеи.

Детето по име Лев, како што изјави, успело да му го освои срцето и да го натера да го промени мислењето.

Тој додаде дека неговиот партнер Дејвид Ферниш сакал да посвои дете.

- Јас секогаш одбивав оти имам 62 години и постојано патувам, и мислев дека може нема да биде фер кон детето, вели Елтон.

- Минатата недела загубив еден од најдобрите пријатели, музичкиот соработник и клавијатурист Гај Бабилон. Има ли подобар начин да ја надоместам загубата со дете на кое може да му овозможам иднина, нагласи тој.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Кој со што си игра !?
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download