Почина актерот Патрик Свејзи

Познатиот американски глумец Патрик Свејзи почина вчера на 57-годишна возраст од рак на панкреас, од што боледуваше речиси две години, објавија американските медиуми.

Патрик Свејзи е роден од Тексас, а покрај успешната актерска кариера, познат е и како одличен професионален танчер. Кариерата ја започна токму во мјузикл на Бродвеј.

Својата најпозната улога ја оствари во филмот „Dirty Dancing“, а големи пофалби од критичарите доби и за улогата во филмот „ Ghost“.

Филмот „ Dirty Dancing “ од 1987 беше голем хит во тоа време и сe уште има одличен прием кај публиката, а досега има освоено неколку Златни глобуси, додека музиката од овој филм повеќе пати беше на врвот на топ листите.



Прочитајте: затвори
Наjновo од Забава
Видео клип
Милионер
IDIVIDI Сервиси
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
webmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download